Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кредит од 220 милиони долари и одобри Светска банка на Албанија

Кредит од 220 милиони долари и одобри Светска банка на Албанија
Договор со Светска банка потпиша Албанија  за два кредита за поддршка на буџетот во вредност од 220 милиони долари. Кредитите имаат за цел да му помогнат на буџетот на земјата и да ги поддржат реформите на Владата во даночниот и пензискиот систем, како и во енергетскиот сектор. „Средствата треба да се вратат во рок од 30 години со седумгодишен грејс период“, соопшти Светската банка. Државениот долг на  оваа земја и задава големи галвоболки , минатата година тој  достигна 70,5 проценти од бруто домашниот производ, наспроти 60 отсто во 2012 година. Банката и властите во Тирана не наведуваат колкава ќе биде каматата за кредитите. Во февруари Меѓународниот монетарен фонд и одобри на Албанија кредит од 331 милион евра.
Слично

Поврзани вести