Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кражба на велосипед – бизарна причина за убиство на средношколец во Ѓорче Петров!

Кражба на велосипед – бизарна причина за убиство на средношколец во Ѓорче Петров!
Средношколец од Медицинското училиште од Скопје е убиен попладнево во Ѓорче Петров, во близина на болницата Св. Лазар. Ангел П. роден 1995 година и неговиот татко забележале крадец на велосипеди во еден од дворовите и започнале да го бркаат. Момчето било побрзо и го стигнало крадецот, кој му нанел две убодни рани со нож во срцето, велат првичните информации. Полицијата веќе го открила сторителот Насер Е., кој го признал делото. И понатаму се работи на расветлување на случајот. Главната улица низ Ѓорче Перов е блокирана неколку часа од револтирани граѓани и роднини на убиеното момче.
Слично

Поврзани вести