Кражба во албанска златарница - плен половина милион евра
Oд златарница од Тирана, Албанија крадците заминале со плен вреден над половина милион евра.
Тие искористиле што објектот се реставрирал, урнале дел од ѕидот кој бил заеднички со златарницата, влегле внатре и ја ограбиле. Успеале да го исклучат и алармот. „Од златарницата украдени се 10 килограми златен, 25 килограми сребрен накит, како и скапи рачни часовниџи,чија вредност достигнува над 500 илјади евра.Начинот на кражба е идентичен како и грабежот од пред два месеца во банката во Тирана.. При бегството крадците со себе ја земале и безбедносната камера и хард дискот. Истата златарница беше ограбена пред три месеци и како што вели нејзиниот сопственик Павло Шкарпа крадците не се откриени. За разлика од првиот грабеж, сега стоката била осигурана.
