КРАЖБА „ТЕШКА“ НАД 40 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Хакери украдоа биткоини
Хакери украле биткоини во вредност од 41 милиони долари.
Биткоините ги украле од берзата „Бајненс“, една од најголемите берзи во светот.
Хакерите украле 7.000 биткоини со помош на разни техники, вклучувајќи кражба на идентитети, вируси и други напади. Ова е наведено во соопштението на веб-страницата на берзата.
Во објавата се додава дека фондовите за корисниците нема да бидат засегнати од овој напад, затоа што компанијата ќе го искористи својот фонд на безбедни средства за да ги покрие загубите.
Веста доведе до тоа цената на биткоините да падне за дури 4,2 проценти на раната азиска берза, но подоцна успеа да поврати дел од загубите.
Слично
