КРАВИ, ХОТЕЛИ, БОЛИВУД: Плановите на Субрата Рој во Македонија заглавија во затворот Тихар?
Пропаѓањето на инвестицијата во агрокомбинатот Џумајлија ја отвори дилемата и што ќе се случува и со останатите инвестиции на Субрата Рој во Македонија. Индиецот најавуваше амбициозен инвестициски план, тежок околу три милијарди евра.
Со вакви ветувања за инвестиции неговите синови добија македонски државјанства, но сега се поставува прашањето дали инвестициите ќе се реализираат. Министерството за земјоделство ја активираше банкарската гаранција од три милиони евра и ја почна постапката за раскинување на договорот за Џумајлија.
Уште во 2013-та година, Рој со тогашниот министер за земјоделство Љупчо Димовски и министерот за финансии Зоран Ставрески, го означија почетокот на проектот за земјоделство на Сахара груп. Качени на трактори и со сите православни обичаи ја најавија инвестицијата која на почетокот требаше да „тежи“ 211 милиони евра.
Според договорот компанијата на бизнисменот Рој беше должна за три години да набави 20.000 грла крави. На земјиштето од околу 6.000 хектари беше предвидено да се произведува добиточна храна, изградба на фарми и на регионална млекарница во која дневно требаше да се произведуваат 80.000 литри млеко. Вкупната инвестиција во млечниот бизнис во земјава на Индиецот требаше да достигне 1,6 милијарди евра. Во мај годинава требаше да биде првата жетва, а веднаш потоа да започне набавката на кравите. Инвестицијата се најавуваше како најголема во последните 20 години, но до денес ништо од ова не е реализирано.
Тука не застанаа ветувањата на индискиот бизнисмен за земјава. Бизнисменот Рој најави и милионска инвестиција во хотелски комплекси во Охрид, поточно во Љубаништа. Екологистите најпрвин се бунеа дека ваквата инвестиција ќе ја уништи целата флора и фауна во овој регион. Но се предомислија, па дадоа зелено светло. За изведба на скапиот проект се чекаше и дефинитивен став од УНЕСКО, бидејќи дел од градбите беше предвидено да се градат во водите на Охридското Езеро. Се спротивстави и Македонската православна црква од која требаше да се одзема земјиште за објектите. Индискиот бизнисмен, потоа се откажа од таа парцела затоа што немал намера да гради на црковно земјиште. Но, ова не ја спречи Владата да започне постапка за експропријација на земјиштето, заради што се влезе и во судски спор. Ниту луксузниот комплекс на Субрата не е изграден.
Рој имаше и филмски планови - продукција за индиски филмови во Македонија. Најави дека дел од боливудските филмови ќе се продуцираат во земјава. Навикнат на луксузен живот во родната Индија, Субрата Рој и во Македонија не сакаше да се откаже од него, па го купи најскапиот автомобил во земјава - „бентли мулсан“. За него потроши половина милион евра. По своите беспрекорни перформанси овој модел на „бентли“ може да се спореди со моќноста на авионите, додека по луксузот и удобноста го споредуваат со јахта.

Македонските граѓани уште на стартот изразија недоверба дека амбициозните планови на Индиецот ќе се реализираат. Анкета што за весникот ФОКУС ја спроведе агенцијата Рејтинг во 2013 година покажа дека македонските граѓани со недоверба и без симпатии гледаат на овој најавен инвеститор. Огромни 58,5 % од испитаниците тогаш се изјаснија дека не веруваат оти проектите на Рој ќе се остварат, додека само 6% рекле дека целосно веруваат оти опроектите ќе станат стварност.
Запрашан зошто ја избрал Македонија за своите планови за инвестирање, Рој при посетата на земјава одговори: „Барав земја без корупција и ја најдов Македонија“.
Слично