КРАТКА ФУНКЦИЈА: Директор избран и разрешен за само неколку часа
По препорака на српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Одборот на директори на српската Железница ја стави вон сила својата одлука за именување на генерален директор, донесена само неколку часа претходно.
„По препорака на ресорното Министерство, два извршни директори ќе бидат потписници до именувањето на новиот директор, кое на Собранието на Железници на Србија ќе го предложи Владата“, се наведува во соопштението.
Железницата, само неколку часа претходно соопшти дека за нов генерален директор го избра Светозар Чапин и дека одлуката е во согласност со Статутот на претпријатието. И за таа одлука се тврдеше дека е донесена по препорака на ресорното министерство.
Слично
