Економија, финансии, бизнис

Контакт

Красниќи ќе си поднесе оставка?

Красниќи ќе си поднесе оставка?

Јакуп Красниќи ја разгледува можноста да си поднесе оставка од местото преседател на косовското Собрание, јавуваат косовските медиуми.

Красниќи, најави дека со поранешниот пратеник од Демократската партија, Фатмир Лимај ќе формираат нова партија.

Тој во изјава за радио Дукаѓини нагласи дека неговото дејствување ќе биде во согласност со интересите на Косово и оти во врска со тоа „најсериозно ја анализира ситуацијата околу неговата функција во Собранието на Косово“.

- Доколку поднесам оставка, подготвен сум функцијата, која ја извршувам да му припадне на најголемиот политички субјект во косовското Собрание. Не сакам мојата оставка да создава институционална криза, но тоа не зависи од мене, туку од политичките субјекти во косовскиот Парламент, додаде тој.

Красниќи нагласи дека во моментот кога ќе премине во новата партија, неговата оставка освен што ќе претставува морален чин, е предвидена и со Уставот, бидејќи претседателот на косовското Собрание треба да биде од редовите на најголемиот политички субјект во законодавното тело.

Слично

Поврзани вести