Красимир Узунов: Македонците се лутат и кога им помагаме и кога не им помагаме
Красимир Узунов, директорот на бугарската новиска агенција „Фокус“ за националната телевизија Нова даде интересна констатација за односите меѓу Македонија и Бугарија. Според него во Македонија секогаш постои негативен однос кон Бугарија што се должи на децениска анти-пропаганда, па Македонците се лутат и кога Бугарија помага и кога не и помага на Македонија.
„Според условите договорот е историски, но ако треба да ги кажам резервите ние имаме повеќе историски отстапки кои потоа може погрешно да бидат сфатени. При признавањето на Македонија пред 1992 година се направи една многу симпатична грешка за независноста. Тие ни рекоа не признавате затоа што сакате да не „земете“. Желев направи исто грешка, ја призна државата, не нацијата, сеедно што нација се признава од кога тргнала и пред 92-ра. Потоа следеше војната, па Косово и бегалската криза, па воениот конфликт во Македонија. Имаше едни тенкови кои им ги дадовме па ги продадоа но пак, беше истото: Ни давате тенкови за да не „земете“, а кога не им помагаме викаат „зошто не ни помагате кога сте наши“, изјави Узунов.
Според Узунов потпишувањето на договорот за добрососедство во Бугарија се чека 25 години и токму затоа е еден убав повод за двете земји. Тој смета дека постојат тензии кои ги крева Груевски но, денес и утре не очекува никакви инциденти бидејќи бугарската сестринска партија му се заканила дека ќе го блокира во европската десничарска унија.
