Економија, финансии, бизнис

Контакт

Красимир Каракачанов е во самоизолација, а со заразено лице контактирал и Радев

Красимир Каракачанов е во самоизолација, а со заразено лице контактирал и Радев

Во самоизолација е бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. 

Тој  веќе два дена е во самоизолација откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров, е инфициран со коронавирус.

Министерството за одбрана соопшти дека Каракачанов вчера направил ПЦР-тест, чиј резултат е негативен. 

За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е негативен, Каракачанов ќе излезе од изолација.

Со неодамна назначениот началник на бугарските воени воздухопловни сили, физички контакт имал и претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Се сретнале минатиот петок и иако Радев нема симптоми тој ја одложи посетата на Естонија која требаше да се реализира денеска.

Во соседна Бугарија вирусот однесе 1.008 животи. 

Слично

Поврзани вести