Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крањец: Словенија нема да ја дочека судбината на Кипар

Крањец: Словенија нема да ја дочека судбината на Кипар
Гувернерот на Банката на Словенија Марко Крањец смета дека Словенија не може да се најде во состојба во каква што е денес Кипар. - Обемот на БДП и ризичните заеми покажува дека состојбата не може да биде толку сериозна во Словенија, како што е на Кипар, рече Крањец. Гувернерот на словенечката централна банка исто така верува дека неговата земја може да преживее без меѓународна финансиска помош, предупредувајќи дека сепак се зависи од политиката. - Во последната година се водеше политика на консолидација и тоа ќе овозможи враќање на довербата кај странските инвеститори во словенечкото стопанство, вели Крањец.
Слично

Поврзани вести