Крајбрежната стража во Албанија спаси осум Срби
Крајбрежната стража во Албанија денеска спаси осум лица. Откако се случил дефект во моторот, членовите на екипажот побарале помош преку СОС сигналот.
Бродот во Сазан Р-116 „Бора”, веднаш е ангажиран за да даде помош на јахтата под италијанско знаме со кој пловеле осум српски државјани.
Јахтата била испратена до пристаништето во Валона без проблеми околу 04:10 часот, пренесува Балканвеб.
Слично
