Крај за веб пријавување нерегуларности во Избирачкиот список
На полноќ завршува електронското пријавување на евентуални нерегуларности во Избирачкиот список на веб страницата, информираат од Државната изборна комисија.
За пристигнатите пријави е потребно време ДИК да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат подложни на теренска проверка. Од ДИК велат дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе го разгледаат на јавна седница оваа среда. Веднаш потоа ќе следат подготовки за реализирање на теренска проверка.
Граѓаните кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
За сите пристигнати пријави ДИК ќе постапи така што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основoт на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.
Слично
