КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА: Екстерните „маки“ поминаа, учениците на летен распуст
Дојде крајот на крајот на „маките“ на учениците. Денеска завршува учебната година а со неа и екстерното тестирање .
Почнува летниот распуст а учениците по напорните стресови од екстерното тестирање ќе одмораат до 1 септември.
Со екстерен тест беа опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта.
Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето.
Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтоодделенците (на 13 јуни), а за сите други ученици резултатите ќе бидат познати на 17 јуни.
Нема укинување на екстерното тестирање
По шпекулациите дека оваа реформа во образованието, за која како што судеа дел од професорите е нефункционална, ќе се укине , министерот за образование и наука Пиштар Љутфиу соопшти дека тестирањето нема да се укине туку системот ќе се усоврши.
