КРАЈ НА ТРАГИЧНАТА ПРИКАЗНА: Најдено телото на мажот и возилото во езерото Калиманци
Уште една мистериозна смрт ќе остане да плови на дното на Калиманското езеро. Бројни прашања ќе се вртат во главите на најблиските сопружници кои се удавија во браната во близина на Делчево и Македонска Каменица.
Попладне е најдено возилото и телото на починатиот маж по кој полицијата и нуркачите трагаа откако на површината на езерото исплови телото на младата Дуличанка Тања.С (31).
Што се случувало ...
Пред да се случи несреќата, според официјални информации на надлежните служби брачната двојка имала расправија во куќата на жената и нејзините родители.
Мајката на починатата пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале жестока расправија со нејзината ќерка. Се слушнал и вресок. Во еден момент брачната двојка од селото Дулица во општина Македонска Каменица влегле во автомобилот „Форд“ и заминале во непознат правец.
После неколку часа, рибари и полицаец кој патролирал во близина на патот Мак. Каменица-Кочани го забележал телото на починатата при што ги повикал колегите.
На брегот, во близина на пронајденото тело биле забележани и траги од патничко моторно возило, кои водат до езерото.
Безживотното тело на Тања.С. било однесено во делчевската болница каде лекарите констатирале смрт од давење а евидентирани се и траги од насилство.
Пријатели на споружниците во шок и неверување.
Некои велат дека немале проблеми, и биле сложно семејство. Други пак велат дека вечерта пред расправијата биле да поднесат барање за развод.
Останува мистерија што се случувало со младите Дуличани, и дали се работи за намерно убиство и самоубиство...
