Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА: Аневски повеќе нема да и дава предмети на Јанева

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА: Аневски повеќе нема да и дава предмети на Јанева

Претседателот на Советот на обвинители Аневски денеска официјално ја прекина соработката со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Имено, денеска Јанева на кратко се појави во Советот на обвинители каде на Петар Аневски му кажала дека нема обврска да присуствува на нивните седници, ниту, пак, да образложува зошто ги презема предметите Маѓар Телеком, и таткото и синот Верушевски.

На ова излагање Аневски изјави дека барале од Јанева да се произнесе од и врз што ја темели својата надлежност во сите предмети кои се побарани од нејзина страна од Основното јавно обвинителство Скопје.

„На седницата требаше да даде релевантни податоци од каде го црпи своето воспоставување на стварна надлежност над предметите и да објасни дека овие предмети се поврзани и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, вели Аневски.

Тој изјави дека никој не ѝ оспорува на Јанева да отвори нови истраги, но рече дека СЈО е надлежно само за предмети кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 2008 до 15 јуни 2015 година.

Со недоаѓањето на седниците, Јанева покажала непочитување на Советот за јавни обвинители пред кого има обврска да одговара, тврди Аневски.

Сепак  Советот на обвинители одлучил дека ниту еден предмет веќе нема да даде на Специјалното јавно обвинителство, а дека за сите предмети ќе бидат надлежни само Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Основното јавно обвинителство Скопје.

Слично

Поврзани вести