Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крај на продажбата на цигари во фри-шопот на грчката граница! Нови правила на Евзони

Крај на продажбата на цигари во фри-шопот на грчката граница! Нови правила на Евзони

Сите патници кои се навикнати да купуваат цигари и тутун во фри-шопот на граничниот премин Евзони повеќе нема да можат да го прават тоа. 

Како што јавуваат медиумите од соседството, од 31 декември 2025 година, продажбата на овие производи во продавницата на преминот е запрена, а властите објаснија дека цигарите и тутунот повеќе нема да се нудат бидејќи цените речиси достигнаа исто ниво како во Грција.

Досега, фри-шопот во Евзони беше популарна станица за патниците кои сакаат да заштедат на цигари и тутунски производи, но промената значи дека купувањето на овие производи сега ќе биде исто како во грчките продавници.

Одлуката доаѓа во време кога вниманието во регионот е сè повеќе насочено кон хармонизирање на цените на акцизните производи и борба против шверцот и нелегалната продажба на тутун. Патниците кои планираат да патуваат преку овој премин ќе мора да се навикнат на новите цени, кои повеќе нема да бидат поттик за купување преку границата.

Слично

Поврзани вести