КРАЈ НА ПЕТГОДИШНА СЕРИЈА: Оваа економија има силен раст
Растот на Канада се засили во вториот квартал на годишна стапка од 4,5%, главно како резултат на најголемото зголемување на потрошувачката на домаќинствата од предкризниoт период 2008-2009 година, објави „Блумберг“.
Очекувањата беа за зголемување од 3,7% како што беше во првите три месеци од годината.
Само во јуни, БДП-то на Канада се зголеми за 0,3% поради градежништвото, кое треба да ги отфрли загриженостите дека ќе има забавување во втората половина од годината.
Канадската економија има корист од голем број на настани, иако некои се привремени. Тие вклучуваат глобално закрепнување и зголемување на обемот на трговијата, зголемување на индустриското производство во развиените економии и зголемување на цените на имотот во Торонто и Ванкувер.
Податоците сугерираат дека канадската економија можеби ќе може да забележи пораст од 3% во 2017-та година. Ако тоа се случи, тоа ќе стави крај на петгодишната серија на зголемување под 3%.
Потрошувачката на домаќинствата се прошири со годишна стапка на раст од 4,6% во вториот квартал, а првото зголемување изнесуваше 4,8%. Ова е најдобра изведба од два последователни квартали пред рецесијата во 2008-ма година.
За споредба, економијата на САД во вториот квартал порасна со најбрзо темпо во изминатите две години, значително посилно од првично проценетото, покажа втората проценка на американското Министерство за трговија.
Бруто домашниот производ (БДП) во периодот од април до јуни 2017 година е зголемен за 3% во споредба со претходната година, објави Министерството за трговија.
Првата проценка објавена минатиот месец покажа зголемување од 2,6%.
