KРАЈ НА ДРАМАТА ВО БАР: Човекот кој влезе во банка и се закануваше со експлозив се предаде
Човекот кој утрово влезе во банка во Бар и се закануваше со експлозив се предаде, по разговорот со вицепремиерот Дритан Абазовиќ, објави Вјести.
Един Бегзиќ како што дознава медиумот неофицијално, решил да се предаде. Абазовиќ вели дека е добро што се завршило мирно. Полицијата со часови преговараше со човекот. Евакуирани беа и станбените згради во близина.
фото Вјести.ме
Слично
