Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА ДРАМАТА - фрлен солзавец во станот на јутјуберот, Брза помош го извлекла Даниел од зградата

КРАЈ НА ДРАМАТА - фрлен солзавец во станот на јутјуберот, Брза помош го извлекла Даниел од зградата

Според репортерот на Блиц.рс, во зградата на јутјуберот Даниел Ѓукиќ, кој се закануваше дека ќе се самоубие уште утрово во 9 часот, бил фрлен солзавец, по што влетала Интервентна полиција, како и екипата на Брзата помош, кои го однеле.

„Ве сакам сите вас, Србите и сите малцинства и се чувствувам многу добро“, викал јутјуберот додека го носеле.

Според информациите од терен, пожарникарите влегле во корпата на возилото со платформа, кое од утрово е паркирано пред зградата.

Да потсетиме, целата драма околу заканата за самоубиство започна утринава нешто по девет часот, а преплашената мајка на овој човек целиот случај го пријавила во полиција и оттогаш се водат преговори.

Извор и фото: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести