Крај на банкарската тајна за Европејците во Швајцарија
Европскиот парламент (ЕП) ја усвои позицијата за договор со Швајцарија, која би им отежнала на граѓаните на ЕУ при прикривање приходи од даночните власти во банкарски сметки во земјата. Според договорот од 2018 година ЕУ и Швајцарија автоматски ќе разменуваат информации за банкарските сметки на своите жители.
Во мај 2015 година ЕУ и Швајцарија потпишаа договор за борба против даночните измами и даночно затајување. Информациите што ќе се разменуваат, вклучуваат не само приходи како камати и дивиденди, а исто така и билансите на сметките и приходите од продажба на финансиски средства.
Договорот гарантира дека Швајцарија ќе почне да применува построги мерки еквивалентни на оние кои дејствуваат во ЕУ од март 2014 година. Документот одговара на глобалниот стандард за автоматска размена на информации за финансиските сметки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) .
Други одредби од него имаат за цел да ја намалат опасноста за даночните обврзници да бидат пријавени на даночните власти за пренос на средства или инвестирање во производи кои спаѓаат надвор од опсегот на договорот.
Даночните администрации во земјите членки и Швајцарија ќе можат да: · Ги идентификуваат точно и непогрешливо соодветните даночни обврзници; · Располагаат и наметнуваат своето даночно законодавство во прекугранични ситуации; · Оценуваат веројатноста некој да врши избегнување на плаќањето на даноци; · Избегнат непотребни дополнителни истраги.
ЕУ и Швајцарија треба да склучат договорот навреме, за да може тој да стапи во сила на 1 јануари 2017 година . Потоа претстои консултација со ЕП, а договорот треба да биде ратификуван и од швајцарскиот парламент.
