Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крагуевац: Состојбата се нормализира, иселени 80 лица

Крагуевац: Состојбата се нормализира, иселени 80 лица

После вчерашното невреме, во Крагуевац денеска состојбата се нормализира, сите училишта работеа и нормално градот се снабдуваше со струја и вода, изјави за српски медиуми заменик командантот на Штабот за вонредни состојби Зоран Јовановиќ.

Нагласувајќи дека се работи на средување на улиците кои брзата вода ги прекрила со камен и кал, Јовановиќ рече дека градскиот превоз се одвива по предвидениот ред на возење, и напоменува дека е оштетен асфалтот кон населбата Иличево.

Прелиминарните податоци за бројот на поплавени објекти како и други штети би требало да ги имаат утре, кога ќе заседава Штабот за вонредни состојби, рече Јовановиќ.

Тој наведува дека вкупно 80 лица се иселени од нивните домови, кои се во понискиот дел од градот, како и дека најголем број од нив се сместени во халата „Шумадија саемот“, додека 11 од нив се во Геронтолошкиот центар.

Во Крагуевац денеска беше сончево, а во текот на вчерашниот ден, пропратен со јак дожд и удари на ветар до 60 км/ч,,во градот за два часа паднаа 53 литри дожд по метар квадратен.

Најтешка состојба и најмногу поплави имаа објекти во населбите Бресница, Иличево и Белошавац.

Слично

Поврзани вести