Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крадецот со богат плен уапсен во Кичево

Крадецот со богат плен уапсен во Кичево
20 годишниот Е.М. од Кичево кон крајот на јули украл богат плен од џип „чироки“ со американски регистарски таблички од кој одзел женска чанта во која имало приближно 1 милион денари во странски валути, како и златен накит четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Пријавениот бил пронајден на 29 јули сокриен во домот на О.Џ. од Кичево. Во тој момент кај Е.М. биле пронајдени 4100 американски долари, а при извршен претрес во неговиот дом, биле пронајдени преостанатите пари, накитот и пасошите. Против него е поднесена кривична пријава за тешка кражба.
Слично

Поврзани вести