Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kрадел бунди од магацин и се збогатил за 3,5 милиони денари

Kрадел бунди од магацин и се збогатил за 3,5 милиони денари

Кумановец украл роба од магацин вредна 3,5 милиони денари

Магационер од Куманово две години изнесувал роба од магацинот во Кожарско, преработувачки компбинат од Куманово.

Шеесет и едногодишниот кумановец направил штета од 3,5 милиони денари, а  украдената стока наводно ја земал откако му бил доверен клучот од магацинот.

Извршен е претрес во неговиот дом и други простории на три локации при што со потврда за одземени предмети одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на фирмата.

При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа , женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини и многу други предмети.

Слично

Поврзани вести