Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас:Да се оптимизира дијалогот меѓу политичките претставници

Коѕијас:Да се оптимизира дијалогот меѓу политичките претставници

Mинистерот за надворешни работи на Грција,  Никос Коѕијас изјави дека земјата создава засилени мерки за доверба со својот северен сосед.

Запрашан од новинар на агенцијата БГНЕС за тоа дали е подготвена  Грција за поголем компромис во спорот за името на Македонија и како тој би се чувствувал ако неговата земја се нарекуваше поранешна провинција на Отоманската империја одговорил дека треба дијалог.

„Јас мислам дека тоа е многу важен чекор, сега  се да се оптимизира дијалогот меѓу политичките претставници  и ќе го продолжиме”- изјавил  Коѕијас.

Агенцијата  потсетува дека поради спорот за името, Грција повеќе од 20 години го блокира членството на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Слично

Поврзани вести