Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас во Скопје: Прво доверба, па решение за името!

Коѕиас во Скопје: Прво доверба, па решение за името!
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во рамки на турнејата во неколку главни градови на Западен Балкан дојде во посета на Македонија. Тој оствари средби со државниот врв, со премиерот Никола Груевски и со неговиот колега, министерот за надворешни работи Никола Попоски. Она што сите долго го очекуваат а никако да дојде, Коѕиас не го донесе - решение за спорот со името. Тој беше пречекан од  македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски. „Нема решение за името ниту денес. Но, целиме кон создавање на клима за решение. Прв чекор е довербата а заедно со неа ќе дојде и решението за името. Без доверба, нема решение“, истакна Попоски. Никос Коѕиас имаше средба и со премиерот Груевски. На средбата двајцата разговарале за унапредување на добрососедските односи на двете земји кои не се баш на високо ниво. Мерките за изградба на доверба меѓу Македонија и Грција беа поздравени со позитивна оценка, и ветија заложби кон наоѓање на прифатливо решение за прашањето со името. Вкупно 11 конкретни мерки беа договорени меѓу двете земји во  зајакнување на меѓусебната соработка и промена на меѓусебната перцепцијата во двете земји од недоверба во доверба. Ќе се унапредуваат заедничките интереси во поглед на образованието, културата, правдата и внатрешните работи, здравството, економијата и енергетското и инфраструктурно поврзување.    
Слично

Поврзани вести