Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас во Луксембург бил нападнат од колегите за прашањето за името?

Коѕиас во Луксембург бил нападнат од колегите за прашањето за името?

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас на последниот Совет за надворешни работи на ЕУ во Луксембург бил вербално нападнат од некои негови колеги од ЕУ во врска со прашањето за името, пишуваат грчките медиуми.

Според некои грчки медиуми, тој на состанокот претрпел без преседан и прилично методички вербален напад, во најмала рака неетички за европски дипломати.

„Министрите за надворешни работи на Германија, Холандија и Австрија директно ја обвинија Грција за опасната политичка нестабилност која постои во Македонија. Тие тврдеа дека „ветото“ на Грција на изгледите на ПЈРМ за влез во НАТО и ЕУ, со нејзиното уставно име „Македонија“ создало сериозни внатрешни проблеми во оваа држава, кои резултираа со одложување на парламентарните избори, закажани за 5 јуни, и проблеми со политичка нестабилност“ - пишува весникот „Параскинио“.

Весникот уште наведува дека политичката нестабилност и онака лесно се шири низ Западен Балкан, откако еднаш ќе се поврзе со националистички и иредентистички барања на малцинствата.

Коѕиас, како што изјави и по состанокот, на европските дипломати им одговорил дека во 1997 година, кога Атина стави вето на Турција поради кипарското прашање, сите во Турција рекле дека откако Грција ќе го укине ветото, Турција ќе стане членка на Европската унија веќе следниот ден, и дека во земјата нема да има демократски проблеми.

„Јас го проценувам фактот, одговарајќи кусо, како што и направив, на аргументот дека ако ние не ставевме вето поради спорот со името, Македонија денес ќе беше стабилна. Развојот на настаните во односите меѓу ЕУ и Турција покажа колку тие изгледи се погрешни“ - изјави тогаш Коѕиас.

Европските министри за надворешни работи тврдат дека инсистирањето на Грција за прашањето за името на Скопје е контрапродуктивно, не е во согласност со европските вредности и принципи, пишуваат грчките медиуми.

Слично

Поврзани вести