Koѕиас:Треба да созреат условите кај соседната држава за да прифатат компромис
Мислам дека условите треба да созреат во соседната земја, за да може да прифати значителен компромис, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во врска со грчко-македонскиот спор за прашањето за името.
Во интервју за неделното издание на „Катимерини“, Коѕиас кусо се осврна на грчко-македонските односи при што ги истакнува мерките за градење доверба.
„Што се однесува до спорот за името, сметам дека треба да созреат условите кај соседната држава за да прифатат еден суштински компромис. Целта ни е да се засилат нашите општествени и економски врски“- вели Коѕиас.
Тој исто така потсети дека негова неодамнешна иницијатива беше и состанокот во Солун, на кој учествуваа министрите за надворешни и за внатрешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, и кој завршил со голем успех.
Слично
