Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас на тет а тет средба со Попоски во Скопје

Коѕиас на тет а тет средба со Попоски во Скопје

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска ќе престојува во Македонија.

Тој во Скопје ќе се обрати пред Амбасадорскиот совет во Министерството за надворешни работи. Коѕиас треба да оствари и тет а тет средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Попоски како што изјави вчера на почетокот на Амбасадорскиот совет, не очекува на средбата со Коѕиас да биде отворено прашањето за името и посочи дека приоритет е подобрување на односите и создавање на посилни врски во што е можно повеќе области.

Коѕиас првпат ја посети земјава лани во јуни.

Посетата на Коѕиас, но и посетата на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис деновиве во Охрид на Школата за млади лидери се толкува како интензивирање на комуникацијата меѓу Македонија и Грција.

Слично

Поврзани вести