Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕиас и Попоски дискутираа за соработка, името не беше дел од разговорите

Коѕиас и Попоски дискутираа за соработка, името не беше дел од разговорите

Tреба да се работи на добрососедството, оценија денеска министрите за надворешни рбаоти на Грција и Макеоднија, Никос Коѕиас и Никола Попоски.

Спорот за името меѓу двете земји не бил дел од разговорот. За проблемот со името, Попоски рече дека треба да се работи на создавање рамка што ќе ја смени перцепцијата во двете земји.

Коѕиас, потсети на ветото што го стави во Европската унија околу предлогот за воведување санкции кон Македонија, во екот на политичката криза годинава. Тој смета дека санкциите се контрапродуктивни.

„Ветото против казните на вашата земја го ставив бидејќи секогаш сум против казните, бидејќи народот ги гласа тие казни, а најглавно дека не треба ние да интервенираме во внатрешната работа на земјите од ЕУ и кандидатите-членки.  Не зборувавме ниту за името. Рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка“ - изјави Коѕиас.

Министерот Попоски истакна дека интересите на двете страни, кои на почетокот беа во судир во однос на бегалската криза, сега се исти.

„Грција е многу важна земја за градење на стабилност и просперитет и најдобро е сами да си ја креираме иднината, да седнеме со Грција и да градиме што е можно повеќе мостови за соработка“ - рече Поповски.

Двајцата министри разговарале и за железничката линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија.

Коѕиас денеска се сретна и со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и со премиерот Емил Димитриев.

Слично

Поврзани вести