Коѕиас и Нимиц разговараа за спорот со името
Преговорите за името и ставот на Грција околу спорот, биле главните теми на разговор на средбата меѓу шефот на грчката диломатија, Никос Коѕиас и медијаторот Метју Нимиц.
Коѕиас и Нимиц се сретнаа во Луксембург, каде грчкиот министер учествува на Советот за надворешна политика на Европската Унија.
Мерките за градење доверба за кои бил известен Нимиц се очекува да бидат една од клучните теми на потенцијалната билатерална средба меѓу Коѕиас и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски во Солун. Една од мерките е подобрата меѓугранична соработка, тема која е во фокусот поради бегалската криза и тензиите кои владеат на македонско-грчката граница на Идомени.
Последната рунда на разговори во преговорите за името меѓу двете страни беше во ноември 2014 година, а медијаторот последен пат регионот го посети во август истата година.
