Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД ПОВТОРНО ИЗМУТИРА: Д-р Стојановиќ со лоши вести

КОВИД ПОВТОРНО ИЗМУТИРА: Д-р Стојановиќ со лоши вести

Голем број луѓе во претходните денови пред ковид-центрите во Србија, кои биле позитивни на ковид, имале симптоми на стомачен вирус.  Д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом „Д-р Милутин Ивковиќ“, во емисијата „Утро“ на ТВ Првата објасни како пациентите со болки во стомакот излегуваат се всушност позитивни на корона вирусот.

- Ковид повторно мутираше. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, претежно од Црна Гора, имаа стомачни проблеми - рече тој, додавајќи дека во последните 10 дена, многу од нив се јавиле кај својот лекар во здравствениот дом со проблеми со стомакот и дехидрација, но освет тоа биле и позитивни на ковид-19, тие се движат од зелената зона во црвената.  Вирусот сега влијае и на стомачните проблеми. Мојот апел е сите пациенти кои чувствуваат потешкотии да не чекаат два или три дена проблемите да поминат дома, туку да дојдат во здравствениот дом, кој е прва линија на ковид -фронтот - рече тој, велејќи дека 90 проценти од оние луѓе кои доаѓаат позитивни се всушност невакцинирани граѓани.


Слично

Поврзани вести