Ковид мерките доведоа до пад на германската економија
Германската економија паднала во четвртиот квартал лани.
Падот е поради заострените мерки во сузбивањето на четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот. Рестрикциите ја погодиле личната потрошувачка, објави статистичкото биро Destatis.
Најголемата европска економија се намалила во четвртиот квартал за 0,7 отсто во однос на претходните три месеци.
Економијата закрепнала во летниот квартал, и покрај засилените проблеми во синџирите за набавка.
За разлика од Германија, Франција бележи економски раст.foto EPA
Слично
