Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД-БРАНОТ НЕСОПИРЛИВ, ЌЕ НАПРАВИ ЛИ БУГАРИЈА LOCKDOWN? Здравствените власти се поблиску до драконската мерка

КОВИД-БРАНОТ НЕСОПИРЛИВ, ЌЕ НАПРАВИ ЛИ БУГАРИЈА LOCKDOWN? Здравствените власти се поблиску до драконската мерка

Четвртиот бран во Бугарија секиојдневно ги зголемува бројките и на нови позитивни случаи на вирусот, како и на починати лица поради компликации од болеста, заради што здравствените власти размислуваат да воведта lockdown. Во изјава  за бТВ , бугарскиот министер Стојчо Кацаров рече дека тоа е опција којасигурно ќе ја разгледаат.  Aĸo актуелните антиковид мерки не дадат резултат и дојде до преоптоварување на здравствениот систем, Кацаров вели дека последната опција ќе биде да се наложи целосна блокада на секаква општествена и стопанска дејност за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Смета дека актуелната епидемиолошка состојба во Бугарија е толку сериозна, што и досега во земјата требало да спорведат lockdown. Единствен начин да се избегне оваа најригорозна мерка, е како што вели, луѓето ги почитуваат мерките и се вакцинираат што помасовно.

Бугарскиот министер за здравство смета дека ова е најтешкиот бран на корона вирусот во Бугарија.


Слично

Поврзани вести