КОВАЧЕВСКИ ВО МАЛАТА ВИНАРИЈА ПОПОВИ: Има и владини грантови за мали винарии
Прва посета на премиерот Димитар Ковачевски на малата винарија вински подрум Попови.

Ковачевски со министерот за земјодлество шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и вицепремиерот Фатмир Битиќи по повод Св. Трифун ја посетија малата семејна винарија на фамилијата Попови. Оттаму велат дека и тие се увериле во одличниот квалитет на вината.

При посетата биле презентирани првите грантови од по 10.000 евра кои и доделува Владата а за кои може да аплицира секоја мала винарија која е регистрирана по новиот закон за вино. Рокот за аплицирање е до 30 април.

Слично
