Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВАЧЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ беа цело време против зголемување на минималната плата, а станаа „за“ вечерта кога ние се договоривме, некои дури и утредента кога се разбудија

КОВАЧЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ беа цело време против зголемување на минималната плата, а станаа „за“ вечерта кога ние се договоривме, некои дури и утредента кога се разбудија

ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, а станаа „за“ кога ние се договоривме со синдикатите и работодавачите. Дури, некои од нив, бидејќи ја преспаа ноќта, а пресконференцијата беше доцна, станаа „за“ утрото кога разбраа дека бил постигнат договор. 

Вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на обвинувањата од опозициската партија, и најавите дека ќе поднесат амандмани во Собранието на законските измени за зголемување на минималната плата. 

„Минималната плата е резултат на колективното договарање, односно на договорот што се постигна меѓу ССМ, другите репрезентативни синдикати, со Владата, ресорните министесрства, беа повикани и сите здруженија на работодавачите. Претходно јас одржав состанок и со сите стопански комори во земјава. Ако некој беше против зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Тие станаа ‚за' дури вечерта кога ние го постигнавме договорот, а дел од нив и утредента, бидејќи ја преспале ноќта, а ние доцна ја одржавме пресконференцијата“, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско пшрашање. 

Тој рече дека Владата ја зголемила платата и на здравствените работници и на негувателките, а имала и во Собранието поднесено предлог закон за трансформација на работниот однос за околу 4.700 наставници од определено на неопределено време.

„Со тоа предлог законско решение беше предвидено и зголемување на платите за овие вработени. ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира во Собранието тоа законско решение, а сега порачуваат дека ќе поднеселе амандмани на предлог законот за зголемување на минималната плата, за трансформација на работниот однос на овие вработени. Нека повелат нека ги поднесат амандманите, но прво да излезат пред граѓаните и пред работниците да објаснат зошто цела година го блокираа нашиот предлог закон“, рече премиерот Димитар Ковачевски.  

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести