Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски вели дека спречиле ценовен шок

Ковачевски вели дека спречиле ценовен шок

Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, порачува мандатарот Димитар Ковачевски. 

Наведува дека покачувањето ќе биде 9,48 отсто што е далеку под првичните прогнози од преку 25 отсто. 

„Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Граѓаните со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат и парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно. 

Слично

Поврзани вести