Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски вечерва објави: Компресиран гас од Србија за училиштата и болниците

Ковачевски вечерва објави: Компресиран гас од Србија за училиштата и болниците

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва објави дека паднал договор со Србија да се носи компресиран природен гас од оваа земја што ќе служи за загревање на училиштата и болниците во Македонија.
Со самото тоа што во неговата објава на Фејсбук се вели дека гасот ќе биде компресиран, тоа значи дека дефинитивно отпаѓа претходната идеја „Гаспром“ да дозволи да се користи нафтоводот. Засега не е познато дали енергенсот ќе се транспортира со камиони или преку железница, а нема ниту детали за цената.
Ваквата вест на Ковачевски следува откако денеска во Службен весник на Србија беше објавено дека забраната за извоз на природен гас од Србија нема да важи за Македонија.
„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите.

Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас.

Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата“, напиша Ковачевски.


Слично

Поврзани вести