Ковачевски: Три гасни централи ќе се изградат во Скопје, Битола и Неготино
Васко Ковачевски, директорот на ЕСМ, во емисијата „Студио 10“ рече дека во енергетската транзиција и напуштањето на фосилните горива, во наредниот период Македонија треба да обезбедува електрична енергија од дополнителни три гасни централи.
- Со поврзувањето со терминалот во Александрополис, ќе имаме стабилна испорака од 500 милиони кубни метри на годишно ниво, заедно со инвестициите во три гасни централи во Битола, Неготино и Скопје. Ќе имаме гасно поврзување и со Србија и со Петрич во Бугарија. Разговараме со Бугарија во Чирен да складираме 100 милиони метри кубни, и тоа ќе обезбеди сигурно снабдување со гас, рече Ковачевски.
Претходно во јавноста беа пласирани информации дека едниот блок на РЕК Битола ќе бид етрансфоирмиран во гасна централа, како и ТЕЦ Неготино, додека во Скопје заинтересиран за ваква постројка е грчки Митилинеос.
Инаку Ковачевски додаде дека се бара начин еелктричната енергија за домаќинствата од 1 јануари да остане иста и дека нема да има рестрикции. Додаде дека од компанијата која им ја предложил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за набака на поевтин природен гас за скопските топлани, се уште нема одговор.
- Во дел од разговорите побаравме гаранции и да има сигурен договор со производител и испорачател, а тоа до денес не се случи, потврди Ковачевски.
