Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Струја за домаќинствата има, се набавува за стопанството, ќе се прави обид за рестарт на ТЕЦ Неготино

Ковачевски: Струја за домаќинствата има, се набавува за стопанството, ќе се прави обид за рестарт на ТЕЦ Неготино

АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува, вели директорот на државната компанија за производство на струја, Васко Ковачевски. Изјавата следува откако вчера беше обелоденето дека на јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавиле 9 економски оператори. Овие економски оператори дадоа 5 понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј, но за РЕК Битола понудените колични не беа доволни по што треба да има нов оглас. 

Денеска Ковачевски објаснува АД ЕСМ го засилило ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизира производството во  хидроелектраните, гасната и ветерната електрана.

„Компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум. По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со Стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие  да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите. Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост, вели Ковачевски.

Додава дека истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.



Слично

Поврзани вести