Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски очекувал Мицкоски да биде поостар, но вети дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат разгледани

Ковачевски очекувал Мицкоски да биде поостар, но вети дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат разгледани

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ќе ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за справување со енергетската криза. Ковачевски вели дека сега не е време за собирање на политички поени. 

Тој по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски оцени дека таа поминала во добар дух, а барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се отфрлени. Ковачевски вели дека не очекува Мицкоски да го фали, туку очекувал дека ќе биде поостар во изјавата. 

Дополнителни анализи ќе има за основното барање на ВМРО-ДПМНЕ за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар. 

„Разбирливо е дека тоа им беше главно барање, бидејќи ги имаат најголем број од градоначалниците. Ние го немаме тој луксуз, мораме да се грижиме за сите подеднакво“, рече Ковачевски.

Ја нагласиле потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни. 

Слично

Поврзани вести