Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски направи увид во патното поврзување со Бугарија

Ковачевски направи увид во патното поврзување со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска направи увид во градежните активности на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка кој е дел од плановите за подобро патно поврзување на Македонија со Албанија. Увидот следува по еден ден откако делегацијата на македонската влада оствари посета на Софија.

„Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура“, izjavi Ковачевски.

Ејуп Рустеми, директорот на ЈП Државни патипта, го информираше премиерот за технички аспекти поврзани со експресниот пат чија што вкупна должина ќе биде 25,5 километри.

- Изградбата е поделена во две делници, од кои првата Длабочица-Чатал е со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри и за која можам да известам дека се надминаа постоечките проблеми и веќе имаме Изведувач на работите кој од 24-ти овој месец стартуваше. Вкупната вредност на оваа делница е 32 милиони евра, рече Рустеми.

Претходно министерот за транспорт и врски Благој Бичварски во интервју за бугарската БНТ истакна дека овој пат ќе биде важен дел од Коридорот 8.

– Ние веќе од нашата страна работиме на изградба на нов експресен пат на една делница меѓу Ранковце и Крива Паланка. Тоа е сериозна патна врска на една многу тешка делница каде што веќе работите се движат добро и се очекува втора половина, односно средината на 2023 година да го завршиме овој дел, рече меѓудругото Бочварски.


Слично

Поврзани вести