Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски најави економски раст од над 4 отсто

Ковачевски најави економски раст од над 4 отсто

Растот на економијата годинава ќе биде над 4 отсто. 

Според новиот мандатар, Димитар Ковачевски имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година. 

Наведува дека се зголемени приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните.

„Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Додава дека во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите. 

Во третиот квартал лани, Македонија имаше раст на БДП од 3 отсто. 

Слично

Поврзани вести