Ковачевски му го претстави енергетскиот план на Пендаровски: Ќе бидат потребни 300 милиони евра
Премиерот Димитар Ковачевски и членови на Владата на денешниот Совет за безбедност му го претставија енергетскиот план на претседателот Стево Пендаровски сокој треба да се презими енергетската криза. Ковачевски вети дека нема да има рестрикции на електрична енергија, но дека ќе постојат ризици и дека ќе бидат потребни 300 милиони евра од Министерството за финансии.
- Постојат ризици за непредвидени испади на термоблоковите на РЕК Битола заради апсолутната застареност на опремата, непредвидливи ризици во цената на берзата за гас и струја до ниво на неиздржливост, забрани за извоз од соседите на природен гас и суровини за производство на електрична енергија. Затоа имаме состаноци во соседните земји, како во Бугарија која има базна енергија и Грција како логистички центар, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во моментов на слободниот пазар има 1.350 голену компании и 350 институции кои плаќаат висока цена на електрична енергија. Проблем во зимскиот период ќе биде и тоа што нема транспортни средства во регионот за носење на мазут и јаглен.
- Постои реален проблем со недостаток на електрична енергија во Европа и затоа изминатата недела бев во Белград. Таа посета не беше само за посета на винската и услужната дејност, туку за енергетската криза и потребите за нашата држава и домашните обврски кон граѓаните за храна и прехрамбени произвоиди.
Можеме да влијаеме ограничено, но имаме пријателства и сојузници.Треба да ги зголемиме сите ресурси за зголемено производство на електрична енергија. Планот на ЕСМ е да го зголемиме производство оваа година за 25 отсто и реализацијата на планот ќе ја следиме секојдневно, најави премиерот.
Најави почеток на работа на третиот блок на РЕК Битола и вториот котел на ТЕЦ Неготино, на целиот потенцијал за гасната централа ТЕ-ТО Скопје, како и користење на сите обновливи извори на енергија.
- Приоритети се обезбедување јаглен за РЕК Битола, мазут за ТЕЦ Неготино, гас за ТЕ-ТО Скопје и Когел на ЕСМ, обезбедување на дизел гориво и дополнителна увозна електрична енергија. Ова е ужаносно тешка ситуација, но немам намера да се правдам со тоа, дополни Ковачевски.
