Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски ќе се посвети на Министерството: Новиот заменик министер за финансии повеќе нема удели во Пиксел Гроуп

Ковачевски ќе се посвети на Министерството: Новиот заменик министер за финансии повеќе нема удели во Пиксел Гроуп

Димитар Ковачевски, заменик министерот за финансии повеќе не е сопственик во Пиксел Гроуп Доо Скопје, соопштија денеска од компанијата.

Ковачевски целосно го повлекол износот на финансиски средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa и целосно го пренел својот сопственички удел на содружникот во компанијата.

„Д-р Ковачевски го пренесе во целост својот удел на содружникот во Пиксел Гроуп и со тоа веќе нема никакви удели ниту интереси во компанијата. Со тоа тој целосно се посветува на вршење на својата нова функција, заменик на министер за финансии.  Менаџерскиот тим и вработените во Пиксел Гроуп сакаат да му се заблагодарат на д-р Ковачевски за неговата визија, енергија, знаење и труд вложени во основањето и градењето на Пиксел Гроуп во успешна и респектибилна компанија, му посакуваат лично здравје и многу успеси во понатамошните професионални предизвици, стои во соопштението.

Инаку Ковачевски во изминатиот период работел и на уште еден проект од областа на биг дата технологии со партнери од Јапонија, за која цел ја формирал Токио Комуникации Дооел Скопје. Заради кризата предизвикана од глобалната пандемија од вирусот КОВИД 19 проектот е откажан, а правното лице Токио Комуникации Дооел Скопје  е неактивно и е во процес на гаснење. 


Слично

Поврзани вести