Ковачевски: Ќе има пакет финансиска помош за пензионерите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на закројувањето на лозјата пред медиумите објави дека во Владата се креира финансиски пакет за еднократна помош за пензионерите за пост-ковид закрепнување.
- Работиме на пакет-помош за пензионерите, финансиска помош на основа на анализи за полесно справување со енергетската криза, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која веќе ги поднесе законските измени во парламентот за зголемување на пензиите за 20 отосто, премиерот го нарече паушален.
- Предлогот е паушален, даден само ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека учествува во процесот, но не се базира на методологија. Ние работиме на одржливо и долгорочно решение, изјави Ковачевски.
Тој претходно рече дека власта започнала со анализи за дополнително покачување и дека наскоро може да се очекува зголемување на пензиите.
