Ковачевски: Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно
Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно, изјави вечерва директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Сепак, не сака да шпекулира со бројки.
„Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ги завршуваат работите“, изјави Ковачевски.
Ковачевски, во гостување на телевизија Канал 5, рече дека рестрикциите не се опција.
Слично
