Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски ја посети инвестицијата на кинеската компанија Јангфенг

Ковачевски ја посети инвестицијата на кинеската компанија Јангфенг

Премиеорт Димитар Ковачевски објави дека новата заедничка инвестиција на YFA Аутомотив, односно помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ Скопје 1, ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. 

„Кога направивме обиколка на погоните видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката. Ова особено ме радува затоа што тие се моторот на економијата и без нивната посветена работа едноставно нема напредок. Поздрав и до тројца мои бивши колеги со кои во 2003 година работевме заедно и кога ќе ги видам тука знам дека оваа фабрика ќе биде успешна бидејќи се работи за тројца врвни менаџери“ рече премиерот Ковачевски.

Тој се заблагодари на менаџерскиот тим на двете компании, Јангфенг и АРЦ Аутомотив кои како што рече препознаа во нашата држава подрачје за безбедно инвестирање и држава која нуди одлични услови за вложување.

„Отворањето на вакви производствени капацитети се ветар во грб на нашата држава и ја прават конкурентна на глобалниот пазар. Оваа заедничка инвестиција на овие две светски познати компании ја прави Северна Македонија земја во која се произведува и од која се извезува високо квалитетна опрема, за светски познати брендови од автомобилската индустрија", подвлече премиерот Ковачевски.

Слично

Поврзани вести