Ковачевски и Донев по средбата во Софија: Македонија добива поевтина струја од Бугарија за бизнисот и складишта за гас
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија оствари средба со привремениот претседател на бугарската влада Галаб Донев по што беше потврдено дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството.
Бугарија е земја-извозник на електрична енергија, а увозот ќе започне во последниот квартал од годината и ќе трае до 31 март.
Ковачевски и Донев рекоа дека од среда ќе се формира работна група која за две недели треба да ја утврди цената, количеството и другите технички аспекти.
Донев порача дека во духот на добрососедството, начелно Бугарија ќе обезбеди складишта за течен гас за Македонија.
Покрај Ковачевски, на едночасовна средба во Софија беа министрите за економија и за надворешни работи - Крешник Бектеши и Бујар Османи, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
На средбата имаше и претставеници на стопанските комори и експерти.
Александар Кузмановски
