Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Грција ни даде евтин јаглен, започна испораката

Ковачевски: Грција ни даде евтин јаглен, започна испораката

Васко Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ, денеска пред медиумите, давајќи отчет за работењето на државните електрани, објави дека од денес започнала испораката од 600.000 тони јаглен од Грција за термоелектраните.

- Од денеска почна испораката на новите количини на јаглен од Република Грција, каде што имаме потпишано договор за 600.000 тони јаглен што ќе треба да се носи во наредните 12 месеци. Цената која што е постигната за овој јаглен е 59 евра од тон, што значи дека имаме една од најниските цени на купен јаглен во Европа во овој момент на енергетска криза, рече Ковачевски.

Оваа цена, според Ковачевски, била добиена поради, како што рече, поддршката која што ни ја дава Грција по меѓувладините средби во Атина.

- Тука нашиот сосед ни излезе во пресрет со добивање на ваква евтина понуда на јаглен, искоментира Ковачевски.

Тој дополни дека ЕСМ има нов договор за 180.000 тони мазут од јануари до јуни 2023.

Слично

Поврзани вести