КОВАЧЕВСКИ: ЕСМ ЌЕ ПРОИЗВЕДЕ ЕНЕРГИЈА ЗА 15 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ, со најавува зголемен ископ на јаглен од рудниците
Зголемено производство на електрична енргија од домашните капацитети за дури 15 проценти во споредба со минатата година најавува директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој на денешната пресконференција одржана со Минситерот за економија, Крешник Бектеши најави дека се прави се за да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите.
- АД ЕСМ ќе произведе за 15 проценти повеќе енергија од лани. Зголеменото прооизводство се должи на термоелектраните. Кај хидроелектраните има значајно намалување на потрошувачката на енергија. Целиот план за производство на електрична енергија за оваа година е направен со зголемено произодство за 20 проценти. Тој се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во Битола. Во РЕК Битола исто така и се доставува јаглен од увоз за подобрување на неговата калоричност. ТЕЦ Неготино работи со пола капацитет, еден котел. Интензивно се прават залихи на мазут за да има кога ќе се зголеми потрбата од енергија - потенцираше Ковачевски.
Директорот посочи дека сега енергијата главно се произведува во Битола, но има и хидроенергија, ветерна енергија, со кои се задоволуваат потребите на домаќинствата, додека вишокот се продава на берзите. Тој се осврна и на следната грејна сезона, поточно на парно греењето.
- Доколку на повикот на Влада за греење на жителите на Скопје го добиеме тендерот, за кој што оформивме три трговски друшвтва,чиј сопственик е ЕСМ, сметаме дека ќе ги задоволиме потребите. Во него ќе влеземе со сопствени капацитети, но и нови капацитите, со цел да се обезведи континуирано снабдување на топлинска енергија на Скопјани, но ќе треба да не помогне Владата финансиски - посочи Ковачевски.
Тој дополни дека се формира и друштво кое ќе се грижи за снабдување со топлинска енергија на Битола и други две општини, кои го реализираат со Владата. Воедно посочи дека во ЕСМ се преземени мерки за намалување на непродуктивните трошоци.
- Непродуктивните трошоци се намалени за 50 милиони евра. Сите набавки кои не се неопходни се одложени за три години, но се направени и сите заштеди кои се изводливи - посочи Ковачевски и изрази јавна благодарност до вработените во ЕСМ, посебно до оние во рудниците и во нивните напори да обезбедат снабдување з апроизводство на енергија.
П.О.
